Кажи кој е над нас
Со ваков допир емоција плови
Како бран од невреме
Што наидува
Кажи за последен пат
Дали уште во себе ја чуваш
Или тивко ја смируваш
Мирни езера
Сега земам само еден миг
Бришам само еден стих
Без него не знам кој си ти
Каде пловиш ли
Љубов тоне и нема здив
Сега земам само еден миг
Гледам веќе не си ти
Душа си заменил
Чувства оставил
Да пловат без крај
Ништо нема од нас
Од ваков допир длабоко боли
Како гром од невреме
Што распукува
Кажи зошто знам
Дали уште пред тебе да глумам
Или тивко да поместам
Лажни планини
И пак се тие среќни околу нас
И пак се смеат со тажен глас
И пак те лажат за нас
И пак ти лесно се им веруваш
Сега земам само еден миг
Бришам само еден стих
Без него не знам кој си ти
Каде пловиш ли
Љубов тоне и нема здив
Сега земам само еден миг
Гледам веќе не си ти
Душа си заменил
Чувства оставил
Да пловат без крај
Сега земам само еден миг
Гледам веќе не си ти
Душа си заменил
Чувства оставил
Да пловат без крај