Полетај ми в глава плачно камење
И во петлени доби, не ќе стигнам дома
Видов крај и дно
Сепак зборот стои завидно
Сега ставот ми е стабилност
Стравот кажа што е правилно за
Како да станеш и да зграбиш нов
Ден здив шанса пати сто
По пат да попатиш
Страд од сон да пофатиш.
Желби, видувања
Лебдат зачудувања
Грст грла гласници
Уште лаат гнасни пци
Круг незаборавен
Трчам неопоравен
Но не е доста не
Ако не е ова што ќе остане
Зад нас штом час ги покрие
Очи две и мракот сокрие
Сѐ што виделе биле и пренеле во збор
Па трчам не е доволно
Овој круг е мојот повик, оној круг е оној кој
Од мене прави да сум човек и ми гради непокор
А зборот плете едно оро, конец гордост конец бол
Нозе крвави при одот Боже чувај ме од зло
Сега пак на исто место
И во мрак еден зрак што патува
Оној врв не е престол
Нит па цврст прв збор не позлатува
Не се моли да е лесно
Најди сила, со маки да ракуваш
Ако движиш, движи чесно
Мижи често и пази што посакуваш
Ветер виулици
Етер низ улици
Бетер без будење
До крајно судење
Круг незаборавен
Грб пак оптоварен
Ама не е доста не
Ако не е ова што ќе остане
Зад нас штом час ги покрие
Очи две и мракот сокрие
Сѐ што виделе биле и пренеле во збор
Па трчам не е доволно
Овој круг е мојот повик, оној круг е оној кој
Од мене прави да сум човек и ми гради непокор.
А зборот плете едно оро, конец гордост конец бол
Нозе крвави при одот Боже чувај ме од зло